На брегот на Охридското езеро на 4-ти јули 2009 год. во автокампот „Ас” во Струга се одржа вториот мултиетнички хепенинг, кој е дел од кампањата „Под исто сонце” за промоција на мултиетничките вредности и поттикнување на меѓусебното почитување на етничките заедници во Македонија. Високите температури не ги спречија посетителите да уживаат во настанот кој се одржа под отворено небо. Програмата беше исклучително богата, а атмосферата весела до самиот крај, учесниците и посетителите се дружеа преку музика и игри и надвор од сцената создавајќи чувство на заедништво и солидарност.
Во кошаркарскиот турнир првото место им припадна на членовите на Агенцијата за развој на регионот од Липково, додека во турнирот во мал фудбал како најдобри се покажаа членовите на Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар.
Концертот беше одличен и беше достојна завршница на сè она што се случуваше на овој ден сплотувајќи ги сите етнички заедници кои живеат во Република Македонија.
Нема коментари:
Објави коментар