четврток, 16 јули 2009 г.


На брегот на Охридското езеро на 4-ти јули 2009 год. во автокампот „Ас” во Струга се одржа вториот мултиетнички хепенинг, кој е дел од кампањата „Под исто сонце” за промоција на мултиетничките вредности и поттикнување на меѓусебното почитување на етничките заедници во Македонија. Високите температури не ги спречија посетителите да уживаат во настанот кој се одржа под отворено небо. Програмата беше исклучително богата, а атмосферата весела до самиот крај, учесниците и посетителите се дружеа преку музика и игри и надвор од сцената создавајќи чувство на заедништво и солидарност.

Во кошаркарскиот турнир првото место им припадна на членовите на Агенцијата за развој на регионот од Липково, додека во турнирот во мал фудбал како најдобри се покажаа членовите на Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар.

Концертот беше одличен и беше достојна завршница на сè она што се случуваше на овој ден сплотувајќи ги сите етнички заедници кои живеат во Република Македонија.

четврток, 25 јуни 2009 г.

Голем мултиетнички хепенинг „Под исто сонце“

Дискусии, традиција, фолклор,
концерт:
МАЈКА БЕНД, ПАРКЕТИ, БЕНИ & НОН СТОП, КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ

Автокамп „АС“, Струга, 4 јули 2009, од 12 до 24 ч.

ВЛЕЗ СЛОБОДЕН!

Хепенингот е дел од кампањата за промоција на мултиетничките вредности и поттикнување на меѓусебното почитување на етничките заедници во Македонија. Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со културата и традицијата на различните заедници кои живеат во Република Македонија (погледнете детална информација за хепенингот).
Настанот го организира Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во рамки на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“ финансиран од Европската Комисија и ФИООМ.

среда, 5 ноември 2008 г.

Мултиетнички хепенинг „Под исто сонце“

На 1 ноември 2008 година на Скопски саем се одржа првиот мултиетнички хепенинг „Под исто сонце“ во организација на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, финансирано од ФИООМ и Европската комисија. Беа претставени културата и традицијата на различните етнички заедници во Македонија. Од цела Македонија присуствуваа невладини организации, културно уметнички друштва, музеи кои понудија разноврсна и интересна програма (фолклорни игри, изложби, народни носии, кулинарски специјалитети). Имаше две панел дискусии (за Рамковниот договор и за мултикултурализмот) на кои учесниците од различни етнички заедници живо дискутираа. Овој интересен, живописен настан заврши со уште поинтересен концерт. Групите Блаблабла, Ареа и Тони Китановски и Черкези понудија нешто што Македонија одамна не го видела. Можат само да жалат оние што пропуштиле да дојдат на овој хепенинг и да го очекуваат вториот - некаде во мај.
Тука можете да ја видите програмата на хепенингот.
Посетете ја и галеријата со фотографии од хепенингот.

Архива